Објавено на:

При престрелка во Лозница убиен еден полицаец, уште еден тешко ранет

t

Во Лозница е убиен полицаецот Никола Крсмановиќ (34), а полицаецот Вјекослав Илиќ (50) е ранет во рамото, јавуваат српските медиуми. Според неофицијалните информации, во српските полицајци пукал триесет и три годишниот Хајзири Артан од Косово, по кого полицијата сè уште трага.

„Ноќеска, околу 00:55 часот во Лозница, при контрола на возило на пункт, полициски службеници од Граничната полициска станица Трбушница запреле „мерцедес“ во кој имало две лица“, изјави српскиот министер Ивица Дачиќ.

Како што објави Блиц, при излегување од службено возило, едно лице пукало од пиштол, погодувајќи го полицаецот Никола Крсмановиќ (34) во градите и ранувајќи го полицаецот Вјекослав Илиќ (50) во рамото. На лице место полицијата го пронашла пасошот на осомничениот, издаден од институции во Косово на име Хајзири Артан, извести Дачиќ.

Во меѓувреме сè уште трае потрагата по напаѓачот, на терен се полициски службеници од полициската управа Шабац, како и Управата за криминалистичка полиција, Управата за гранична полиција и припадници на Специјалната антитерористичка единица, а вклучени се и беспилотни летала и хеликоптери.

Истрагата на вишиот јавен обвинител од Шабац и припадниците на полицијата е во тек.
„Во име на МВР и од мое лично име упатувам најдлабоко сочувство до семејството на убиениот полицаец“, рече Дачиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…

Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…

Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…

Во текот на изминатото деноноќие на целата…

Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…

Две повозрасни лица биле физички нападнати на…

Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…

На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…

Спречена тешка кражба во РЕК Битола, приведени…

Утрово во 03:00 часот во кругот на…