Пробиштип доби реконструирана Кино сала од владата – За опозициските општини нема абер од Скопје
Заврши реконструкцијата на Кино салата во Пробиштип, објави на денешната прес-конференција градоначалникот, Драган Анастасов.
Анастасов истакна дека со вчерашната последна контрола од страна на комисија од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој со која е констатирано дека сите позиции и фази се завршени, и официјално се заокружи проектот за реконструкција на Кино салата „Злетовски рудар”.
-Финансиската поддршка за овој проект изнесува 17 милиони денари обезбедени преку Агенцијата и три милиони за ДДВ обврска на општината. Општина Пробиштип доби функционална кино сала со капацитет од 360 посетители и веќе од месец март ќе следуваат и првите културни настани. Особено ми е драго што конечно по една деценија ја вративме можноста за одржување на културни настани во нашата општина, со ставањето во функција на кино салата, рече Анастасов.
При реновирањето е задржана автентичноста на салата, а во неа освен кино проекции ќе се одржуваат театарски претстави, музички концерти и други културни настани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прегазен тинејџер во Пробиштип
МВР информира дека вчера рано наутро во…
Реконструкцијата на Газа ќе чини околу 70…
Најновата заедничка проценка на ОН, ЕУ и…
Анастасов го демантира ДПМНЕ: Немате понуда за…
Почитувани, По објава на ВМРО ДПМНЕ ОК…
По речиси 20 години учениците од Пробиштип…
По речиси 20 години учениците од општина…
Сопругата на починатиот полицаец од Пробиштип го…
Денеска на протестот кој се одржа во…