Проблеми за Вучиќ: Претседателските и парламентарни избори во Србија ќе се повторат на вкупно 89 избирачки места
РИК: Парламентарните избори се повторуваат на 54, а претседателските на 35 избирачки места во Србија.
Републичката изборна комисија на Србија (РИК) на седниците одржани на 6 и 8 април донесе Одлуки парламентарните избори повторно да се одржат на 54, а претседателските избори на 35 избирачки места.
Повторените избори ќе се одржат на 16 април, а гласањето ќе биде вообичаено од 7 до 20 часот.
Изборите се повторуваат на избирачките места каде што беа поништени бидејќи општинските изборни комисии потврдија дека бројот на гласачки ливчиња во кутиите е поголем од бројот на лица кои излегле на гласање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…