Проверени девет училишта во Белград, се работи за лажна дојава за подметнати бомби
По дојавите на подментнати бомби во 22 белградски училишта, полицијата досега извршила увид во девет училишта на територијата на Белград и утврдила дека се работи за лажни дојави дека во нив била поставена бомба, а увидите продолжуваат, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи, јави дописиникот на МИА од Белград.
Контрадиверзантски проверки се извршени во три училишта во општина Звездара, четири во Раковица и две училишта во општината Стар град.
Министерството за образование, наука и технолошки развој претходно соопшти дека дваесетина училишта во Белград добиле циркуларна електронска пошта за поставена бомба, за што веднаш биле известени МВР и БИА.
-Слична ситуација се случи пред неколку дена во соседна Црна Гора. Нашата полиција прво ќе ги испита заканите, а децата и вработените нема да бидат вратени во училниците додека полицијата не потврди дека е безбедно, што е приоритет, изјави министерот за образование Бранко Ружиќ.
Од МВР соопштија дека од превентивни причини проверки се прават и во училиштата кои немаат дојави за подметнатаи бомби.
Министерството за образование, наука и технолошки развој ќе ја информира јавноста за развојот на состојбите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пополека ја губиме војната, има уште неколку…
Украина се чини дека полека ја губи…
Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари
Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…
Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…
СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…
Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…
Сите мини во меѓународните води на Ормуска…
Почина Доли Партон, кралицата на кантри музикат
Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон…