Проданоски: Сите ресурси се ставени во функција за гаснење на пожарот во Мариово

t

Пожарот што го зафати селото Чаниште и дел од околината во Мариовскиот регион претставува сериозен предизвик, но најважно е што во огнената стихија нема човечки жртви, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

Тој информира дека на терен се ангажирани сите расположливи сили и ресурси за справување со пожарот. Во гаснењето учествуваат екипи на ТППЕ Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, Универзалната единица од Прилеп, „Македонски шуми“, доброволни противпожарни друштва, како и голем број мештани.

Од Општина Прилеп велат дека, согласно можностите и расположливиот буџет, е обезбедена комплетна логистика, човечки ресурси, храна и вода за сите кои се ангажирани на терен.

Проданоски истовремено упати апел до граѓаните на најголема внимателност, особено во услови на зголемен ризик од пожари.

„Не палете стрништа, ниви, отпад и сува вегетација, не оставајте оган без надзор и бидете крајно внимателни при секое движење и работење во природа“, порача Проданоски.

Тој нагласи дека еден невнимателен момент може да предизвика пожар со огромни последици.

„Ќе продолжиме да бидеме на терен и да ги ставаме на располагање сите ресурси со кои располагаме, но за да го зачуваме нашиот Мариовски регион, потребна е и одговорност од сите нас“, порача градоначалникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топ ченел: Претседателот на Советот на Чаир…

Форумот на исламската младина во Северна Македонија,…

Јаковлева: Агенцијата за разузнавање не најде информации…

Директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева,…

Имало решение: Девојчињата од Ѓорче Петров, кои…

На четирите тинејџерки против кои се водеше…

Граѓани снимиле камион како истура отпад кај…

Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако…

За да нема голем ценовен скок на…

Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…