Проданоски: 49% од прилепчани селектираат отпад – Прилеп останува лидер во Македонија

t

Прилеп продолжува да биде меѓу лидерите во Македонија кога станува збор за селекција на отпадот. Според најновото истражување на „Пакомак“, дури 49 проценти од граѓаните на Прилеп селектираат отпад за рециклирање.

Ова го истакна градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, кој посочи дека резултатот покажува оти селекцијата на отпадот сè повеќе станува дел од секојдневните навики на прилепските домаќинства.

„Селекцијата на отпад не е само прашање на систем и опрема. Таа започнува од секој дом, од секое семејство и од навиките што ги создаваме секој ден. Нашата обврска е да обезбедиме услови тие навики да се развиваат“, посочи Проданоски.

Во насока на унапредување на системот за управување со отпадот, за прилепските домаќинства се обезбедени дополнителни 8.318 канти од 120 литри за примарна селекција, како и 126 нови контејнери од 1,1 кубен метар.

Дополнително, обезбедени се и 9 специјализирани возила за собирање отпад, од кои четири веќе се испорачани. Во тек е и набавката и поставувањето на 52 полуподземни контејнери на 21 локација, за инвестиција вредна над 17 милиони денари.

Во рамките на кампањата на ЈКП „Комуналец“ – „Чисто е убаво“, за само 60 дена во процесот на селекција се вклучиле уште 680 нови домаќинства, додека на граѓаните им биле испорачани 1.280 канти.

Проданоски нагласува дека инвестициите во опрема и инфраструктура се важни, но дека успехот на системот зависи и од активното учество на граѓаните.

„Ова се конкретни чекори за подобар и пофункционален систем. Но, секој систем има смисла само кога граѓаните го прифаќаат и го користат. Затоа продолжуваме заедно. Да селектираме, да се грижиме за градот и да создаваме подобри навики. Чист и зелен Прилеп го создаваме заедно“, порача градоначалникот Проданоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проданоски: 49% од прилепчани селектираат отпад –…

Прилеп продолжува да биде меѓу лидерите во…

Предизборни пресметки на власта и опозицијата во…

Најавите за одржување предвремени парламентарни избори во…

Димитриеска-Кочоска: „Весела математика“ се обвинувањата за задолжување…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ги…

Судење за „Пулс“: Одбраната прашуваше за статусот…

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката…

Звучни имиња во телефонот на судијата Ѓоко…

Звучни имиња од политиката, бизнисот и лица…