Продолжениот викенд ги наполни граничните премини: На „Табановце“ влегле и излегле над 18.000, а на „Богородица“ скоро 16.000 патници од 10 вчера до 10 утрово
Гужви и голема фреквенција на возила утрово беше забележана на граничните премини Богородица и Табановце. Според снимките од видео-камерите на Јавното претпријатие за државни патишта забележителни беа колоните возила кои чекаа на граничните премини.
Според МВР, во периодот од 10 часот вчера до 10 утрово на ГП Богородица за влез во Република Северна Македонија вкупно се пријавиле 3.444 патници.
– За излез од Република Северна Македонија се пријавиле вкупно 12.394, а севкупниот број на патници за влез и излез е 15.838, граѓани.
– Во истиот период на ГП Табановце влегле вкупно 8.173, а излегле 10.049, вкупно 18.222 граѓани.
Продолжениот викенд голем број граѓани од земјава ќе го искористат за посета на туристичките центри, а најфреквентен е граничниот премин за влез кај јужниот каде празнично се чека и по повеќе од час во километарски колони.
За викендите и за празниците, метежите на граничните премини Табановце и Богородица се вообичаени а гужви се очекуваат и во недела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
Клековски: Терапијата за мултиплекс склероза поблиску до…
Во Министерството за здравство денес се објавија…
Хутите со ракети ја погодија претседателската палата…
Јеменските Хути истрелаа ракети кон комплексот на…
Иран подготвува нова стратегија за напади врз…
Иран започнал да применува нова стратегија за…
ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…