Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари
Владата на Република Македонија информира дека, поради силниот интерес и позитивниот одзив на граѓаните, се продолжува рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање на 400 пожарникари низ државата до 23 јули среда.
Одлуката за продолжување на рокот е донесена со цел да им се даде можност на што поголем број заинтересирани граѓани да аплицираат, особено имајќи предвид дека станува збор за значајна мерка која директно го засилува капацитетот на системот за заштита и спасување, особено во пресрет на летната сезона и зголемениот ризик од пожари.
Оваа мерка, која произлегува од Планот за вработување 2025, претставува системско и суштинско вложување во јавната безбедност и грижа за граѓаните. Ангажирањето на 400 пожарникари е прв ваков крупен чекор по повеќе од една деценија и директно одговара на долгогодишниот недостаток на кадар во противпожарните единици.
Владата останува посветена на создавање функционален, брз и ефикасен систем за заштита, а ги повикуваме граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат. Повикот е отворен за сите квалификувани лица, а сите детали за аплицирањето се достапни на веб- страните на општините.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангелов: Двајца пожарникари биле нападнати вчера во…
Во текот на вчерашниот ден двајца пожарникари…
Тројца пожарникари загинаа на Крит
Тројца грчки пожарникари загинаа додека се справуваа…
Пожарникари спасија повредена девојка која паднала во…
Пожарникари-спасители од Територијалната противпожарна единица Струмица утрово…
Пожарникарите со препораки и совети за избегнување…
Во текот на претстојниот празничен период, ризикот…
Пожарникарите од Кавадарци спасија куче од водите…
Куче било спасено синоќа од страна на…