Објавено на:

Продолжи судењето на Додик, повтори дека е политички прогонуван

t

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, во средата повторно тврдеше дека во Сараево му се суди поради политички причини, а не поради наводно сторени кривични дела, повторувајќи ги заканите дека ќе ја отцепи Република Српска од Босна и Херцеговина, доколку резолуцијата за геноцид во Сребреница биде усвоена во Обединетите нации.

Додик ова го изјави по сослушувањето во Судот на Босна и Херцеговина, каде претходно во текот на денот продолжи судењето по обвинението во кое тој и директорот на Службен весник на Република Српска, Милош Лукиќ се обвинуваат за непочитување на одлуките на високиот претставникот за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, кого не го признава на позицијата затоа што именувани од амбасадорите во Управнито одбор на ПИК а не во расправа во Советот за безбедност во ОН.

По предлог на државното обвинителство, изјави дадоа поранешните директори на Службен весник на Република Српска, Милка Девушиќ и Владимир Јанковиќ, кои ги опишаа околностите под кои поднеле оставка знаејќи дека, доколку го направиле она што властите на ентитетот го очекувале од нив, тие самите би можеле да завршат на обвинителна клупа.

Додик протестираше поради сослушувањето на овие сведоци, тврдејќи дека тоа покажува дека судењето е сведено на импровизација, бидејќи обвинителите немаат цврсти докази за неговата наводна вина.

Додик беше обвинет затоа што во јули 2023 година го потпиша указот за стапување во сила на законот за неприменување на пресудите на Уставниот суд на Босна и Херцеговина и одлуките на високиот претставник, кои беа донесени од Собранието на Република Срспка, иако високиот претставник Шмит ги поништи врз основа на неговите овластувања кои не ги признава официјална Бања Лука. Лукиќ, пак, беше обвинет бидејќи „се погрижоил“ указот на Додик да биде објавен во Службен весник.

По сослушувањето, Додик одржа прес-конференција во Источно Сараево, заедно со сите важни функционери од Република Српска и неговите адвокати, меѓу кои беше и реномираниот хрватски адвокат Анто Нобило. Пред новинарите тој рече дека обвинителството „ништо не докажало“ и оти затоа нема кривично дело.

„Ова е чиста политика“, рече Нобило, кој тврди дека преку судењето на Додик се обидуваат да ги решат проблемите со функционирањето на Босна и Херцеговина. Адвокатот на Додик најави дека во продолжението на судењето планираат да докажат дека Шмит немал право да користи извршни овластувања и да наметнува измени во законот, иако не е сигурен дека судијата ќе им го дозволи тоа.

Адвокатот Горан Петронијевиќ, од Србија, познат и како бранител на осудениот во Хашкиот трибунал за воени злосторства Радован Караџиќ, го спореди судењето на Додик со она на Доналд Трамп во САД, со оценка дека сето тоа е „дел од истата глобалистичка завера“.

Додик рече дека за него судењето е доказ дека Босна и Херцеговина е колонија во која странците работат по налог на странци и кои заедно со Бошњаците се одговорни за сите постоечки проблеми во земјата.

„БиХ е направена да биде во криза, а Дејтонскиот договор е грешка“, заклучи тој откако долго време жалеше за ситуацијата во БиХ, каде што особено му пречеше објавувањето на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница. Доколку биде усвоен, Додик повторно се закани, „Србите ќе одбијат да живеат заедно со Бошњаците“.

„Сребреница беше манипулација, геноцид не се случи во Сребреница“, тврди тој, повторно негирајќи ги пресудите на Хашкиот трибунал и Меѓународниот суд на правдата (МСП).

Доколку Судот на Босна и Херцеговина ги прогласи за виновни, Додик и Лукиќ се соочуваат со казна затвор до пет години, а осудата би значело нивно автоматско разрешување од функцијата. Продолжението на судењето на Додик и Лукиќ е закажано за 29-ти април.

Инаку денеска откако беше констатирано присуството, Додик не сакаше да стане. Седејќи со скрстени нозе и свртен кон судијката Сена Узуналиќ во профил, читаше книга и само ја крена раката кога таа го повика.

Со оглед на тоа што ова беше прво судење по повеќе од 30 дена, судијката Узуналиќ истакна дека законот наложува главниот претрес да почне одново. Таа потоа ги праша двете страни дали се согласуваат сведокот кој беше сослушан претходно да не биде повикан повторно и неговото сведочење да се репродуцира подоцна. На ова се согласија и Обвинителството и одбраната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Неколку часа по молбата на Зеленски…

Најмалку пет лица загинаа, 32 се ранети…

Грк со „опел“ удрил во два автомобили…

Седумдесетгодишен Грк е тешко повреден откако со…

Штајнмаер: Западен Балкан не смее да остане…

Претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмаер, претседателот на…

Екс градоначалникот на Ѓорче, Наумоски, доби кривична…

Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава…

Српски државјанин скршил стакло на аеродромот во…

На 29.04.2024 во 05.00 часот на Граничниот…