Објавено на:

Продолжуваат масовните демонстрации во Израел

t

Десетици илјади демонстранти денеска протестираа низ Израел против владејачката коалиција на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради предлозите за реформи во судството.

Покрај масовните демонстрации во Тел Авив, помали протести беа забележани и во неколку израелски градови, пренесува АП.

Демонстрантите бараат Владата целосно да ги отфрли предлозите за промени во судството.

Тие велат дека предложените промени ги загрозуваат демократските вредности на Израел со тоа што го ослабуваат Врховниот суд и му даваат на парламентот, контролиран од Нетанјаху и неговите сојузници, моќ да ги поништи судските пресуди.

Демонстрантите додаваат дека премиерот е во судир на интереси бидејќи се обидува да го преобликува правниот систем на земјата во време кога му се суди.

Протестите започнаа на почетокот на годината, а организаторите најавуваат дека ќе продолжат со нив и покрај тоа што Нетанјаху минатиот месец го одложи усвојувањето на амандманите на законот, пишува АП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција го блокира пристапот до израелските штандови…

Франција го блокираше пристапот до штандовите на…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Вкупно 22 наши државјани побарале помош за…

Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за…

Иран тврди дека уапсиле двајца припадници на…

Иранските власти велат дека уапсиле двајца членови…

Нетанјаху: 13 загинати во иранските напади, меѓу…

Тринаесет лица загинаа во иранските напади врз…