Продолжуваат масовните демонстрации во Израел
Десетици илјади демонстранти денеска протестираа низ Израел против владејачката коалиција на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради предлозите за реформи во судството.
Покрај масовните демонстрации во Тел Авив, помали протести беа забележани и во неколку израелски градови, пренесува АП.
Демонстрантите бараат Владата целосно да ги отфрли предлозите за промени во судството.
Тие велат дека предложените промени ги загрозуваат демократските вредности на Израел со тоа што го ослабуваат Врховниот суд и му даваат на парламентот, контролиран од Нетанјаху и неговите сојузници, моќ да ги поништи судските пресуди.
Демонстрантите додаваат дека премиерот е во судир на интереси бидејќи се обидува да го преобликува правниот систем на земјата во време кога му се суди.
Протестите започнаа на почетокот на годината, а организаторите најавуваат дека ќе продолжат со нив и покрај тоа што Нетанјаху минатиот месец го одложи усвојувањето на амандманите на законот, пишува АП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…
Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…
Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…