Објавено на:

Продолжуваат немирите во Србија: демонстрантите биле нападнати од поддржувачите на Вучиќ

t

– Неколку демонстранти и најмалку четворица полицајци беа повредени во вторник вечерта во Врбас и Бачка Паланка за време на антивладините протести каде, според медиумските извештаи и видеата од социјалните мрежи, поддржувачите на владејачката Српска напредна партија (СНС) фрлаа пиротехнички средства и разни предмети врз групи студенти и граѓани.

Бран студентски и граѓански протести трае повеќе од девет месеци низ Србија по трагедијата во Нови Сад, кога се урна настрешница на неодамна реконструираната железничка станица, при што загинаа 16 претежно млади луѓе, за што демонстрантите ја сметаат владата за виновна и одговорна и бараат одговорност за последиците од коруптивните зделки и небрежно извршените работи.

Во вторник по 23 часот, на повик на студентите, голем број граѓани излегоа во неколку градови за да протестираат против нападот на поддржувачите на Српската напредна партија врз демонстрантите кои се собраа пред локалното седиште на СНС во градовите Врбас и Бачка Паланка во Војводина, во знак на солидарност со уапсените и повредените во претходните протести.

Според извештаите од порталите 021 и N1, како и снимките и коментарите од социјалните мрежи X, Instagram и Youtube, во Врбас и Бачка Паланка, демонстрантите биле гаѓани со пиротехнички средства, камења, столчиња и шишиња, а директно кон нив биле испукани и огномет.

Министерството за внатрешни работи, сепак, објави дека демонстрантите ги нападнале поддржувачите на СНС и дека „најмалку“ четворица полицајци во кордоните што ги одделуваат двете групи биле повредени во овие напади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден српски функционер оди во притвор!

Судија за претходна постапка од Посебното одделение…

Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…

Курсот на српскиот динар е стабилен, а…

30 дена притвор за командантот Жмириќ и…

Судија на претходна постапка им одреди притвор…

Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…

Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…

Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…

Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…