ПРОДОЛЖУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ НА СЛУПЧАНЦИ СО ЕВН: Состанок во позитивна атмосфера, утре ќе имало уште еден!

t

Жителите на Слупчане и претставниците на ЕВН денеска имале состанок, а за утре е закажана нова средба. И од компанијата и претставниците на жителите оценија дека состанокот поминал во позитивна атмосфера кој ќе придонесе целосно да се реши проблемот со електричната енергија во ова село.

– Денес претставници на ЕВН се сретнаа со претставници на селото Слупчане. Разговорите се одвиваа во позитивна насока. Преостанува да се реализира уште еден состанок во текот на утрешниот ден, соопштија од ЕВН.

Зекирија Шаини, советник во општина Липково, изјави дека состанокот поминал во позитивна атмосфера и дека останува да се договорат техничките детали.

-Состанокот помина во позитивна атмосфера, договорот треба да се уреди технички, рече Шаини.

По неколкудневните блокади на жителите на Слупчане во два наврати на почетокот и крајот на јули, компанијата и жителите склучија договор на 27 јули годинава. Жителите имаат повеќе барања, меѓу нив и барање да не плаќаат високи сметки за струја. Според последните информации, ЕВН треба да почне да ја реконструира мрежата на 9 август годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…

ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…

Иран упати сериозни закани за ракетни напади…

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…

Кличко ги повика жителите на Киев да…

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика…

Тошковски: Македонските граници се под зголемен притисок…

Македонската полиција бележи зголемен притисок на државната…