Продолжуваат протестите во Грузија иако е повлечен спорниот “руски закон”
Грузиските опозициски партии денеска најавија дека ќе продолжат со антивладините протести и покрај повлекувањето од страна на владата на контроверзниот предлог-закон кој се сметаше за репресивен за медиумите и граѓанското општество, а чие воведување предизвика масовни демонстрации во главниот град, Тбилиси.
Мобилизацијата „нема да запре додека не се дадат гаранции дека Грузија решително ќе тргне по прозападен пат“, се вели во заедничката изјава на неколку опозициски партии.
Тие повикаа на масовно присуство на протестите и вечерва и воедно побараа ослободување на десетици приведени демонстранти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 100.000 Руси заминаа за Грузија…
Русите масовно ја напуштија земјата есента 2022…
Демонстранти за БИРН: Кинески системи за препознавање…
Технологиите за препознавање лица и масовно набљудување…
Мигранти од Грузија пронајдени кај Струга
Двајца мигранти од Грузија се пронајдени кај…
Уапсен лидерот на опозицијата во Грузија за…
Лидерот на грузиската опозициска Граѓанска партија, Александар…
ЕУ ѝ се закани со санкции на…
Европската Унија во вторникот предупреди дека би…
