Продолжуваат протестите во Србија, искршени канцеларии на владеачката СНС, Вучиќ исвиркан од белграѓани
Протестите на студентите и граѓаните на Србија се одржаа шеста ноќ по ред низ целата земја. На вечерашниот протест во Белград, просториите на владеачката партија СНС беа искршени, по што полицијата ги нападна граѓаните, а беа фрлани солзавец и димни бомби.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дојде во просториите на партијата со обезбедување и неколку поддржувачи. Полицајците ги разбиваа демонстрантите низ центарот на градот, а Вучиќ се закани дека оние што протестираат ќе бидат гонети многу повеќе, побрзо и посилно.
Граѓаните беа истиснати од околината, откако полицијата фрли солзавец врз голем број собрани луѓе. Тоа предизвика револт и кај станарите на улицата на која се наоѓа седиштето на СНС, кои Вучиќ го исвиркаа и го испратија со скандирања.
Вучиќ, пак, најави акција на државата и гонење на демонстрантите.
„Што ќе им понудат на луѓето освен насилство, бандитство, кршење, а потоа бегање. Тие се толку храбри што тепаат празни соби, и штом се појави некој, бегаат“, рече Вучиќ.
Тој рече дека демонстрантите сакаат да ги уништат елементарните вредности и нормалниот живот по секоја цена и дека очекува обвинителството конечно да почне да си ја работи својата работа.
„Тоа е обид за обоена револуција платена однадвор, во која тие не избираат средства и не се обидуваат да дојдат до нешто со насилство, бидејќи немаат доверба од народот, ниту вистинска програма“, истакна Вучиќ и потсети дека наскоро ќе објави книга за тоа како ја победил обоената револуција.
„И фашистите и нацистите мислеле дека се непобедливи. Сите терористи мислеле дека се непобедливи, но на крајот државата победи“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утврдени големи неправилности -ќе има казни: Пазарниот…
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во изминатите три…
Приведен осомничен за убиството кај Смилковско езеро
Eдно лице било приведено во рамки на…
Мицкоски: Македонија добива дополнителни средства од ЕУ…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната…
Во владината кошничка нема трошок за кирија,…
Разликите меѓу синдикалната и владината потрошувачка кошничка…
Скопјанец си ја нападнал својата 68-годишна мајка
На 25.11.2026 во 22:30 часот во СВР…