Објавено на:

Продолжува да тресе околу Никшиќ: Најава за посилен земјотрес или смирување на земјата?

t

Нов земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтеровата скала во 14 часот и 31 минути ја погоди Црна Гора, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот, кој бил краткотраен и бил почувствуван како благ потрес, бил на 32 км од Никшиќ, односно на 25 км од Билеќа во БиХ, на длабочина од 11 километри.

По земјотресот со јачина од 5,4 степени по рихтеровата скала што утринава ги разбуди Црна гора и регионот, следуваа најмалку 30 нови тресења на тлото со послаб интензитет, што може да биде знак за смирување, но и навестување за уште посилен потрес.

Предраг Мијатовиќ од Геолошкиот завод на Србија објаснува за „РТ Балкан“ дека така било и во случајот со Турција – забележан бил многу силен земјотрес, а потоа следеле уште посилни налети – што е сосема непознато и никој не очекувал таков развој на настаните.

„Треба да се следат мерењата, колегите кои ја следат сеизмичката активност не можат да предвидат бидејќи е неблагодарно да се прогнозира нова серија потреси, смирување или уште посилни потреси“, вели тој.

Според Мијатовиќ, ова е природен земјотрес предизвикан од настани во земјината кора, со средна јачина додавајќи дека „самата територија на Црна Гора е доста сеизмички активна, особено кревката област околу планината Румија која се протега на север, североисток.“

Тоа го потври и хрватскиот сеизмолог Крешимир Кук, кој објаснува дека во последните недели имало значителна сеизмичка активност на тоа подрачје.

„Долго време, дури и во последните недели, има голема активност на подрачјето на јужниот брег, и под морето и на копното. Повеќето од овие земјотреси се случија на копно, но станува збор за епицентрално подрачје кое дефинитивно беше активирано со голема сила“, посочил тој.

Мијатовиќ нагласува дека нема разлики меѓу морските и копнените земјотреси.

„Општо земено, т.н. африканска плоча се спушта под европската плоча и дополнително, јадранската микроплоча се спушта под планинскиот венец на Динарските Планини кои се наоѓаат покрај брегот на Јадранското Море, т.е. Хрватска, Црна Гора, Албанија. Сеизмичките земјотреси се предизвикани од овие спуштања и тоа што се случи во пограничниот појас на Црна Гора и Босна и Херцеговина, не е ништо ново. Тоа се областите каде што може да се очекуваат земјотреси“, вели тој.

Мијатовиќ објаснува дека земјотреси на Балканот може да има и северно, во областа на Бања Лука, Тузла или Загреб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Србија!

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според…

Продолжува да тресе околу Никшиќ: Најава за…

Нов земјотрес со јачина од 3,2 степени…

Земјотрес утрово ја стресе Албанија

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според…

Земјотрес од 6 степени ја погоди Кина,…

Во разорниот земјотрес што денеска ја погоди…

Земјотрес ја стресе Македонија утринава

Земјотрес утрово е регистриран во Македонија. Според…