Продолжува дипломатската офанзива за уставни измени: Во Скопје пристигна специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан
По средбата со претседателот на Собранието, германскиот специјален пратеник за Западен Балкан претпладнево ќе се сретне и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, кој од претходната посета на РСМ си замина со пораката – дека ако ова лето уставните измени не се спроведат успешно ќе има многу нејаснотии за патот на Македонија – денеска повторно е во Скопје. Утрово Сарацин ќе се сретне со претседателот на македонско Собрание, Талат Џафери, а веднаш потоа и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. За време на неговата посета ќе оствари средби и со претставници на власта.
Пораката што ја упати германскиот специјален пратеник за Западен Балкан при неговата претходна посета, во јуни годинава, беше децидно соопштена и во Скопје, а потоа и во Софија – дека нема да има промена на преговарачката рамка.
„Преговарачката рамка беше едногласно усвоена од 27-те земји членки и нема повторно да отвораме процес за донесување таква одлука. Таа е донесена и не може да се промени. Таа претставува гаранција за Македонија и не може лесно да се смени, за потоа и Бугарија да не може понатаму да поставува нови услови во неа. Тоа беше и една од клучните поенти на предлогот минатата година. Затоа е целосно нереално да се очекува дека ние повторно ќе ја отвориме. Германија ќе биде против повторно отворање на преговарачката рамка“, изјави тој во Скопје.
Во Бугарија имаше незадоволство од потегот на германскиот парламент, кој на 15-ти јуни изгласа резолуција за поддршка на Македонија, со која им оддава длабока почит на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Сарацин во јули во Софија ги објасни мотивите за тој чин.
„Германските пратеници во нивните посети на Македонија во последните недели и месеци почувствуваа дека Македонците се загрижени за својот идентитет, јазик и култура. И, иако никој во Бугарија не сака ништо да им одзема на Македонците, за Германија важно беше да даде знак и да ја увери Македонија дека ќе можат да го поминат патот кон членство во ЕУ како Македонци. Но, во исто време, за да ги започнат преговорите за членство, тие мора да го поддржат договорот постигнат пред една година, кој вклучува измени на Уставот“, изјави тој за БНР.
Пред бугарската јавност го повтори истото што го кажа и пред македонската.
„За Република Македонија ова лето треба да биде лето на вистината. Крајно време е за земјата, но и за ЕУ, и исклучително е важно да се има одговор. Нашиот предлог го дадовме пред една година и оттогаш чекаме одговор од Скопје. Нема да има други преговори, друга понуда. Друга зделка нема да има. Тоа го кажувам секогаш кога сум во Скопје. Можете да ја прифатите оваа понуда или не. Но, нема да има нови преговори. И да се појават идеи за нови преговори со Бугарија, ние нема да ги поддржиме. Нема да ја менуваме преговарачката рамка. Во спротивно, тоа ќе се претвори во бескрајни преговори само затоа што некаде има нова влада“, изјави тој за БНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН ГИ ДЕМАНТИРА ПРЕГОВОРИТЕ СО САД: Ормускиот…
Иран категорично ги отфрли информациите дека во…
ЕУ одобри присуство на својата воена мисија…
Европската Унија одобри воспоставување присуство на својата…
РТС: Странски компании најавија затворање погони во…
Тешкотии во работењето, намален обем на производство,…
Сиљановска-Давкова: ЕУ треба да го забрза проширувањето…
Европската Унија треба да го забрза пристапниот…
За клиентите на „АЛТА банка” АД Битола…
Народната банка продолжува со постепено олеснување на…