Продолжува протестот за плати во Македонска пошта

t

Вработените во „Пошти“ повторно протестираа пред дирекцијата на ова државно претпријатие. Не се откажуваат од барањата за редовни плати, покачувања и подобри услови за работа.

Покрај вработените во поштата во Скопје, протестот продолжи и во Тетово.

„Финансиската состојба на Македонска пошта е сериозно загрозена. Не обезбедуваме доволно средства за плата. Неколку години обезбедуваме средства преку кредити и позајмици. Дојде момент да веќе нема од каде да обезбедиме средства. Затоа бараме Владата како сопственик да се заложи за реформи и обезбедување финансиски средства за тековно работење“, рече претседателот на синдикатот Боро Велигденов на прес конференција.

Околу 2.000 лица се вработени во Пошти на Македонија, а околу 600 од нив се распоредени на терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…

„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…

„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…

САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…

Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…

ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР ПАТРИК СТЈУАРТ: Ѕвездата на…

) Легендарниот британски актер сер Патрик Стјуарт,…