Објавено на:

Продолжува соработката: Српската влада ќе стимулира руски ИТ-компании

t

Владата на Србија донесе уредба со која се предвидуваат стимулации за работодавачите кои вработуваат новодоселени лица во Србија, за кои постои потреба која не може лесно да се задоволи на домашниот пазар на труд.

Притоа, услов е работникот да има основна плата од најмалку 300.000 динари (бруто) или 212.000 динари нето (1.820 евра) кои работникот ќе ги добие со предвиденото олеснување.

Според српските медиуми, ова најмногу се однесува на околу 1.000 руски ИТ-компании и експерти кои по почетокот на војната во Украина се населиле во Србија.

Според уредбата, право на субвенција има работодавач кој е домашно или странско физичко лице, односно правно лице или претприемач регистрирано за вршење дејност во Србија, како и филијала на регистрирано претставништво на странски работодавач.

Од почетокот на војната во Украина, во Србија дојдоа голем број руски граѓани и руски компании, а регистрирани се над 1.000 компа чии основачи се деловни и правни лица од Русија или претприемачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Норвешка подготвува штит против дронови на границата…

Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…

Притвор за Мацура и вработени во Алта…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…

СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…

Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…

ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…