Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

t

Денеска во 10 часот во Основниот суд во Тетово треба да се одржи рочиште во судскиот процес за пожарот во тетовската модуларната болница. Судењето требаше да почне на 6 септември, но беше прекинато затоа што двајца од тројцата обвинети не беа присутни, а исто така немаше ниту претставник од Клиничката болница, туку имаше само овластен застапник.

Од обвинетите, присуствуваше само поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово Флорин Бесими со свој адвокат, додека Артан Етеми, кој во тој период беше економски директор на болницата и д-р Бобан Вучевски беа отсутни.

Двајцата првообвинети се товарат дека сториле по едно кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по чл.292 ст.4 в.в. со чл.288 ст.4 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик, третиот обвинет сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по чл.206 ст.1 од Кривичниот законик, додека обвинетото правно лице сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност по чл.288 ст.5 в.в. со ст.4 в.в. со ст.2 и кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно чл.206 ст.2 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик – велат од Обвинителството.

Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, информираше обвинителството.

Во пожарот кој избувна вечерта на 8 септември лани, изгореа 14 лица, од кои 12 пациенти и две лица придружба на пациентите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масовна евакуација на домови и болници поради…

Во околината на Атина продолжува масовната евакуација…

Детали за пожарите низ Македонија: Гори речиси…

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека на Плакенска…

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Триесетгодишен маж од Тетово обвинет за силување

Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека донело…

Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…