Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

t

Во судницата во затворскиот комплекс Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. По воведниот говор на обвинителството на претходното рочиште, процесот ќе продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната.

Обвинителот Борче Јанев повтори дека обвинителството бара индивидуална одговорност за долгогодишното игнорирање на безбедносните ризици кои ја претвориле дискотеката во „смртоносна стапица“. Според него, трагедијата не е само последица од активирањето пиротехника на настапот на групата „ДНК“, туку резултат на систематска негрижа, недостиг од контрола и институционален молк кој траел повеќе од една деценија.

„Не е важно само кој го запалил огнот, важно е кој имал кофа вода и не ја истурил“, рече Јанев, додавајќи дека доказите ќе покажат дека опасноста била одамна присутна, а никој од обвинетите не ја спречил иако бил должен да го стори тоа.

На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност поради пропусти што директно довеле до трагедијата.

Паралелно со главниот процес, тече и посебна постапка против полициски службеници за давање лажни уверувања и дозволување на работа на дискотеката без исполнети минимално-технички и безбедносни услови. Изминатата недела Обвинителството отвори постапка и против група вработени во УЈП осомничени за мито и злоупотреби поврзани со истиот случај.

Судијката Диана Груевска Илиевска, која го води процесот, пред почетокот на судењето предупреди дека ќе бара максимална дисциплина од сите страни и дека секое неоправдано одложување ќе биде санкционирано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телма: Сопственикот на Пулс за неполн месец…

Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката…

Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…

Тело на младо лице било пронајдено во…

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен…

Седум бебиња родени за два дена во…

Кочани добива ретко убава и позитивна вест…