Продолжува судењето на водачите на ОВК во Хаг
Во Специјализираните совети на Косово во Хаг денеска продолжува судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, со распит на сведоци, јавуваат Репортери.
Распитот на 18-от сведок почна вчера, а ќе продолжи и денеска.
Сведочењето се одржа на седница затворена за јавноста.
Во текот на оваа недела се закажани три рочишта и исказ на уште двајца заштитени сведоци.
Досега се сослушани 17 сведоци на Специјализираниот обвинител, а само тројца сведочеа без заштитни мерки и на јавни седници.
Судењето на Тачи и другите поранешни водачи на ОВК започна на 3 април. Тачи, Красниќ, Весељи и Сељими се обвинети за воени злосторства, злосторства против човештвото, убиства, прогон и тортура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаг го продолжи рокот за жалби на…
Апелацискиот совет на Специјализираните совети во Хаг…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Гаши: Ставот за пресудата на водачите на…
Претседателот на Собранието Африм Гаши пред медиумите…
САД ги повикаа сите да ја прифатат…
Соединетите Американски Држави соопштија дека ја почитуваат…
Судијка поротничка била во роднинска врска со…
И покрај тоа што судијката поротничка Лидија…