Објавено на:

Продолжува судењето на семејството Кецмановиќ, сведочи момче рането во масакрот

t

Денеска во Палатата на правдата во Белград продолжува судењето на родителите на убиецот Коста Кецманови од ОУ „Владислав Рибникар“.

Според информациите на српските медиуми, денеска ќе се слуша сведочењето на детето кое било во училиштето за време на крвопролевањето.

Како што претходно објавија медиумите, тој го гледал Коста како нишани кон учителката и децата. Видел како неговите пријатели паѓаат на подот.

Тој почувствувал болка во ногата, а потоа се се стемнило.

Вака информиран извор за српски Телеграф го опиша сведочењето на момчето рането во масакрот што го изврши Коста Кецмановиќ на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“.

Момчето, инаку било најдобар пријател на брутално ликвидираната Ема Кобиљски.

Ранетото момче разговарало со експерти за ужасниот ден и ужасот што го доживеал, а се уште оди на терапија кај психолог за да ги надмине траумите што ги трпи, а за тоа ќе зборува пред Вишиот суд во судски процес кој допрва треба да започне.

Во тужбата што ја покренаа 27 членови на семејствата на убиените жртви на Коста, на две рочишта сведочеа родителите на Ема Кобиљски.

Рекоа дека Ема била застрелана во глава од школскиот другар и дека немало начин да ја спасат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…

Потпишан е договорот за продажба на рускиот…

Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…

Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…

Србија дала над 110.000 евра на здруженија…

Од 2023 година, Управата за дијаспора на…

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…