Објавено на:

Продолжува судењето на Тачи и другите водачи на ОВК во Хаг

t

Судењето за случајот „Тачи и другите“ продолжи денеска во 9 часот, соопшти Специјалниот суд во Хаг.
Судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадрије Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими започна на 3 април.

За време на судењето минатата недела, првиот сведок беше сослушан, најчесто на затворени седници. Како што претходно објасни портпаролот на Специјализираните совети на Косово во Хаг, Мајкл Дојл, првиот сведок сведочеше на приватна седница, бидејќи судијата така одлучил за да го заштити идентитетот и безбедноста на сведоците или жртвите.

Тачи, Весељи, Сељими и Красниќ се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Косово и Албанија над најмалку 407 затвореници, од кои најмалку 98 се убиени.

Тие се обвинети за неправедно лишување од слобода, мачење и убивање на луѓето, а за овие злосторства им се заканува доживотен затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаг го продолжи рокот за жалби на…

Апелацискиот совет на Специјализираните совети во Хаг…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…

Гаши: Ставот за пресудата на водачите на…

Претседателот на Собранието Африм Гаши пред медиумите…

САД ги повикаа сите да ја прифатат…

Соединетите Американски Држави соопштија дека ја почитуваат…

Судијка поротничка била во роднинска врска со…

И покрај тоа што судијката поротничка Лидија…