Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот круг од изборите, задавајќи удар на коалицијата на премиерот Бабиш

t

Прозападните опозициски партии постигна голема победа во вториот круг од изборите во Чешка, на кои се гласаше за пополнување на една третина од местата во Горниот дом на Парламентот – Сенатот, со што ѝ нанесоа удар на владејачката коалиција предводена од премиерот Андреј Бабиш, пренесе АП.

По пребројувањето на сите гласови од Статистичката служба, центристичкото Движење на незадоволните граѓани (АНО) на популистичкиот милијардер не успеа да освои ниту едно место.

На вториот круг од изборите, кој траеше два дена, гласачите беа повикани да одлучат кој ќе заземе 27 од вкупно 81 место во Сенатот. Опозицијата ја задржа контролата врз горниот дом. Кандидатите директно поврзани со опозицијата освоија 22 мандати. АНО досега имаше само едно место, но сега го загуби и него.

Во Чешка, долниот дом има водечка улога во законодавниот процес, но Сенатот игра важна улога при усвојувањето уставни измени и потврдувањето на номинациите за уставни судии.

Како што пишуваат локалните медиуми, изборите беа првиот тест за Бабиш откако тој се врати на власт во октомври 2025 година, по убедливата победа на парламентарните избори.

Тој формираше владејачка коалиција со две помали евроскептични партии, чија програма, меѓу другото, предвидува и намалување на помошта за Украина.

Неговите коалициски партнери, исто така, не освоија ниту едно место на изборите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…

Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…

Чешкиот премиер обвинува: Европа е немоќна и…

Чешкиот премиер Андреј Бабиш денес ја обвини…

Воен хеликоптер со пет војници се урна…

Воен хеликоптер на чешката армија со пет…

Чешка планира да забрани мобилни телефони во…

Чешката влада поднесе закон за забрана на…

„Илузија е дека ќе завладее мир во…

Претседателот на Чешка, Петр Павел, пред кадетите…