Објавено на:

Променливо облачно време со врнежи од дожд

t

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време, од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка. Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од-4 до 2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повисоките места во регионот ќе паѓа повремен снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до-2, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Утре ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северозападен ветер.

– Од недела следува период на тивко и релативно топло време, освен по котлините со магла каде што дневните температури нема многу да се покачат во текот на денот. Од понеделник условите за магла ќе се зголемат, велат од УХМР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нападнат Петар Маѓар: Му истурија вино…

Унгарскиот премиер Петер Маѓар доживеал непријатност за…

Ѓорѓиевски: Фатено лице како создава дива депонија,…

Инспекторите на Град Скопје доцна синоќа затекнале…

Вучиќ: На 27 септември поднесувам оставка од…

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека по…

Димитриевски: Не влеговме во Владата за фотелји

Две години работа, две години резултати, една…