Промовирани нови 497 полицајци
Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово денеска се одржи свечена промоција на новите полициски службеници – генерација 2024-2025.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на промоцијата порача дека годинава МВР станува побогато за 497 нови колеги, идни чувари на безбедноста на граѓаните, „синови и ќерки на Македонија“.
-Полициската професија не е само избор, туку е повик, завет кој секој еден од вас го прифаќа со цел да ги чува своите блиски, своите граѓани, својата татковина, безбедни и сигурни. Почитувани идни колеги, благосостојбата и напредокот на едно општество се темелат на почитување на законите, на правната држава, чија основа е успешното функционирање на безбедносниот систем. Тоа значи да создаваме, градиме и да унапредуваме една модерна, опремена, стручна и професионална, но секако и задоволна полиција, која своите задачи и обврски ќе ги извршува максимално законито, стручно, одговорно и транспарентно во име на граѓаните, во име на својот народ, изјави Тошковски.
Тошковски, исто така, порача дека се градат и ќе се градат нови полициски станици, како и дека се планира обновување на возниот парк на министерството, нови модерни и функционални униформи и материјално и техничко унапредување на сите организациони единици. Во унапредувањето на условите за работа, тој нагласи дека, ќе биде направено и преку редовно зголемување на примањата на сите вработени во МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Напад на полицајци со нож во…
Двајца француски полицијци синоќа биле повредени со…
Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за…
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна…
Судијка поротничка била во роднинска врска со…
И покрај тоа што судијката поротничка Лидија…
Обвинителството верува во цврстината против полицајците за…
Обвинителката Спасенка Андонова која ги презеде предметите…
Одложен почетокот на судењето за полицајците обвинети…
Првото рочиште за 13-те полицајци обвинети за…