Пронајдена 15 годишната Кристина од Охрид, се огласи полицијата
Петнаесетгодишната Кристина од Охрид која утринава беше пријавена за исчезната, е пронајдена.
Од полицијата за Курир потврдуваат дека малолетничката е предадена на родителите.
-Денеска (13.08.2026) во 12:20 часот на крстосница од ул.„АСНОМ“ со ул.„Никола Карев“, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Охрид ја пронајдоа малолетничката К.Ј.(15) од Охрид, за која претходно беше пријавено дека се оддалечила од домот. Во содејство со Центарот за социјални работи таа е предадена на родителите, велат од МВР за Курир.
Претходно беше објавено дека Кристина последен пат со семејството остварила контакт вчера околу 16 часот, а при излегувањето била облечена во црна маица и широки фармерки.
Нејзиното исчезнување утрово во полиција го пријавил таткото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…