Пронајдени двете двете исчезнати малолетнички во Скопје

t

Двете малолетнички кои беа пријавени за исчезнати завчера вечерта во Скопје се пронајдени, потврдија извори од МВР за Телма. По девојчињата, 15 годишната Мелиса и 12 годишната Аниса се трагаше од четвртокот вечерта, откако таткото на Аниса ја пријави за исчезната. Тогаш таткото на Аниса пријавил во полиција таа во четвртокот наутро излегла од дома кон нејзиното училиште „Лирија“ во Чаир, меѓутоа по часовите не се вратила дома.

Претходно денеска дедото на Аниса изјави дека се следи нејзиниот телефон, кој повремено се вклучува и исклучува.

СЕ СЛЕДИ ТЕЛЕФОНОТ, СЕ ПУШТА ПА СЕ ГАСИ ИСТИОТ, НО ТИЕ ИНФОРМАЦИИ МВР ГИ ИМА И НИЕ НЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ ЗНАЕМЕ. ТОА СИ ЗНААТ ОД ПОЛИЦИЈА. НИЕ ШЕТАМЕ НАТАМУ-НАВАМУ, ЛУТАМЕ, БАРАМЕ ПОМОШ. ТРЕБА ЗДРАВО ДА СЕ ФАТИ ОВАА РАБОТА. СЕ РАБОТИ ЗА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ, ЗА МОЈАТА ВНУКА, И ТАА СЕ ПЛАШИ САМАТА ДА ОТИДЕ ВО ТОАЛЕТОТ ЗА ДА СЕ БАЊА, А НЕ НАДВОР ДА ИЗЛЕЗЕ САМА, РЕЧЕ НЕЈЗИНИОТ ДЕДО САБИТ АЈРО.

На повозрасното девојче, 15 годишната Мелиса, не и е првпат да исчезне. Како што се наведува во билтенот на МВР, таа повеќепати досега се оддалечувала од домот и била враќана назад. Од МВР информираат дека активно работат на пронаоѓање на двете малолетнички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…