Пронајдени двете девојчиња од Струшко, кои пред два дена се оддалечиле од дома

t

Полициски службеници денеска ги пронајдоа двете девојчиња од струшко, што завчера вечерта беа пријавени дека се оддалечиле од домот.

Портпаролот на СВР Стефан Димоски информира дека малолетничките биле пронајдени во Скопје и ќе им бидат предадени на родителите

– Полициски службеници од ЕБР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје, денеска во центарот на Скопје ги пронајдоа двете малолетни девојчиња А.С.(15) од селото Ложани и Т.П. (14) од селото Мороишта, и тие ќе бидат предадени на родителите, изјави Димоски.

Двете девојчиња, според него, и претходно биле пријавувани дека се оддалечувале од домот и биле враќани.

Двете малолетнички биле пријавени во средата вечерта во Полициската станица во Струга дека се оддалечиле од дома од мајката на едно од девојчињата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15-годишно девојче и нејзиното бебе исчезнаа во…

15 годишно девојче и нејзиното бебе се…

Се трага по две 14-годишни девојчиња од…

Полицијата е во потрага по две девојчиња…

Грција на нозе: По 12 дена е…

Медиумите јавуваат дека полицијата ги истражува сите…

Пронајдени двете девојчиња од Струшко, кои пред…

Полициски службеници денеска ги пронајдоа двете девојчиња…

Што се случува? Две малолетнички од струшко…

Две малолетнички од струшките села Мороишта и…