Пронајдени се убијците од Батинци!
Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н.(32) и М.Џ.(24) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” по член 123 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали” по член 396 од Кривичниот законик.
„По преземени мерки и активности во координација со јавен обвинител, утврдено е дека на 01.07.2024 во с.Батинци, скопско, пријавените со автоматски пушки пукале кон возилото „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв, при што на местото починал А.Б.И., а З.И. се здоби со повреди и беше пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар Скопје“, информира МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Опожарени три возила во Батинци
На 12 февруари 2026 година во 03:50…
Запалено возило во Батинци, за среќа нема…
Денеска (10 ноември) околу 03:22 часот во…
ЦУК: Во пожарот кај Батинци активирани сите…
Локализиран е пожарот во село Батинци, општина…
Ангелов: Пожарот во Батинци е намерно подметнат…
Големиот пожар над скопско Батинци е под…
(Видео) Голем пожар во Батинци, поради ветрот…
Пред малку изби голем пожар на отворен…