Пронајдени јајца од цревен паразит кај гостиварец по пиење на водата со фекалии: Кој ќе им го врати здравјето и мирот на луѓето што поминаа низ ова?
Поранешниот кандидат за градоначалник на Гостивар од партијата Левица, Дарко Грујоски денеска објави дека има бактерија во организмот од водата со фекалии која речиси цел месец циркулира низ гостиварскиот водоснабдителен систем. Според микробиолошкиот наод кој го објави Грујоски, кај него се пронајдени јајца од цревен паразит – Ascaris lumbricoides.
Овој паразит е познат по тоа што се пренесува по фекално-орален пат, преку загадена вода, загадена храна или нечисти раце. Според Грујоски, по препорака од лекар, поради лесното пренесување, треба да се испитаат и најблиските членови на семејството, бидејќи ако има уште заразени, може повторно да се пренесува.
Екс-кандидатот за градоначалник бара одговор од надлежните кој ќе им го врати мирот и здравјето на гостиварци, но и кој ќе ги исплати прегледите, анализите и лековите.
„Денови по лекари, анализи, лекови, изгубени работни денови, нервози… Сега имам едно прашање до градоначалникот: Дали чувствуваш морална одговорност? Кој ќе ги плати прегледите? Кој ќе ги плати анализите? Кој ќе ги плати лековите? Кој ќе им го врати здравјето и мирот на луѓето што поминаа низ ова? Не барам изговори. Не барам прес-конференции. Барам одговорност“, објави Грујоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдени јајца од цревен паразит кај гостиварец…
Поранешниот кандидат за градоначалник на Гостивар од…
Епидемијата во Гостивар има смирувачки тренд, од…
Продолжува да се намалува бројот на пациенти…
ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за…
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ „Валбон Лимани, кандидатот на…
Тошковски и Клековски во Гостивар – почнуваат…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и…
Триесетдневен притвор за раководството на гостиварски Комуналец
По 30 дена затворски притвор добија тројцата…