Пронајдени 4,5 килограми кокаин, се бара притвор за две лица

t

Како резултат на материјалните и видео докази, обезбедени при претресите во акцијата што под раководство на јавен обвинител беше спроведена на 18 и 19 јануари годинава, во текот на денешниот ден од слобода се лишени две лица. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанци и прекурсори.

Имено, од екстрахираните податоци, истражителите од Лабораторијата за дигитална форензика при Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, дојдоа до докази дека првоосомничениот кој беше лишен од слобода во Гевгелија, во бункер во ПМВ сокрива поголемо количество на психотропна супстанца. По обезбедена наредба за вештачење на возилото коешто беше одземено, пронајдени се 3,5 кг кокаин.

Воедно, како резултат на доказите побарани се и извршени претреси на дом кај приведените лица и притоа е пронајден уште 1 кг кокаин. За двете лица јавниот обвинител донесе Наредба за истрага, а од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје побара притвор и куќен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со Алта…

Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе…

Студентската листа во Србија бара оставки во…

Претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“ во…

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но…

Недостигот на јавни обвинители, несоодветните просторни услови…

„Сум бил свиња и сакал да ме…

Премиерот Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање…