Пронајдено е телото на Стојан по кого се трагаше два месеци!

t

Денес е пронајдено телото на Стојан Колев (78) од Радово, Струмица, кој беше исчезнат од четври февруари годинава.
Веста за ,,Фокус” ја потврди неговиот син Ѓорги, и додава дека се уште се врши увид на местото каде бил пронајден неговиот татко, па затоа нема додатни информации.

-Ни јавија дека телото на татко ми е пронајдено од случаен минувач, на место оддалечено околу еден километар од нашиот дом. Велосипедот со кој беше тој, во времето кога исчезна, не бил покрај него.

Покрај истото место изминатиот период сме минувале над 50 пати, ние ништо не забележавме, но оставаме надлежните институции да спроведат темелна истрага за да дознаме што точно се случило.

Кога ќе имаме официјални информации, ќе ги споделиме со јавноста. Се заблагодаруваме за поддршката и за секое споделување на апелите и фотографиите од татко ми додека се трагаше по него, бидејќи сето ова време живеевме во голема неизвесност – изјави синот.

Вчера пак, во разговор за ,,Фокус” тој апелираше доколку некој случајно го удрил и усмртил татко му со возило, а потоа го скрил телото, како што беше случајот со малата Данка Илиќ од Србија, да се охрабри и да им каже каде е Стојан, дури и анонимно, со цел да можат да го погребаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ