Пронајдено телото на женското лице кое се фрли во Вардар кај Велес

t

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека денеска полициски специјалци од МВР го пронашле телото на женското лице кое на новогодишната ноќ се фрлило во водите на река Вардар кај Велес.

– Регионалниот ЦУК Велес информира дека од Полицијата – СВР Велес добиле информација дека во 12:20 часот денеска во близина на мостот кај село Кочилари од страна на полициските специјалци од МВР е пронајдено телото на женското лицето кое на 31.12.2022 година (половина час по полноќ) се фрли во водите на реката Вардар од Мало Мовче во централното градско подрачје во Велес, информираат од ЦУК во објава на социјалните мрежи.

Како што соопштуваат од ЦУК, телото е извлечено на брегот на реката и се чека екипа од СВР Велес за увид на лице место, по што ќе следи процедура за потврда на состојба од лекар и од јавен обвинител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НБ: Од денес достапни електронското и мобилното…

Народната банка продолжува со постепено олеснување на…

Ден на жалост во Бугарија по тешката…

Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го…

Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…

Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…

ЕУ одобри 10 милиони евра за Бугарија…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција на новите…

Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година…