Објавено на:

Пронајден експлозив на трасата по која се евакуираат жителите на Доњецк

t

Украинските сили продолжија да ги гранатираат населбите во ДНР и ЛНР во текот на ноќта и денеска, користејќи претежно артилериско оружје и минофрлачи. Во исто време, продолжи евакуацијата на цивилите од ДНР и ЛНР во Русија. Во републиките е прогласена општа мобилизација.

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, за време на говорот на конференцијата за безбедност во Минхен рече дека на Украина со години и била сервирана идејата дека вратите на НАТО и се отворени, но дека реалноста покажала дека „на невработените им е забранет влезот“.
„Дали Украина не заслужува искрен одговор? Ова важи и за НАТО. Ако има земји во Алијансата кои не не сакаат, или никој не не сака, тогаш кажете ни искрено. Убаво е што вратата е секогаш отворена, но ни требаат искрени одговори“, рече тој.

Претседателот на Украина додаде дека во наредните недели ќе иницира самит со учество на Украина, Германија и Турција за решавање на безбедносните прашања во Европа и дека ќе започне преговори меѓу учесниците на Меморандумот од Будимпешта (Украина, Русија, САД и Британија) за безбедносните гаранции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драматично спасување од завеан автобус во Србија:…

Пожарникарите-спасувачи ноќеска евакуираа граѓани од завеан автобус…

Најмалку 30 предвремено родени бебиња евакуирани од…

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска…

Вулканска ерупција во Исланд, прогласена вонредна состојба

Експертите изразија стравување дека вулканска ерупција, која…

(Видео) Во северна Франција поплавени домови, излеани…

Непрекинатите поројни дождови во последните денови во…

Хагари: Итен повик за евакуација на Палестинците…

Израелската војска денеска соопшти дека нејзините повици…