Пронајден е 76-годишниот маж по кој се трагаше од вчера, тој е надвор од животна опасност

t

Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера, оваа информација ја потврди за МИА, доктор Мирослав Нерков од Итна медицинска помош при Општа болница со проширена дејност Кавадарци.

Лицето го бараа полицајци, блиски роднини и други луѓе, пожарникари, планинари и велосипедисти.

– За среќа, лицето е пронајдено и веднаш пристапивме кон пружање прва медицинска помош, тоа е во стабилна состојба и надвор од животна опасност, го однесовме во неговиот дом, нагласи Нерков.

МИА претходно информираше дека вчера во 10.30 часот, во ОВР Кавадарци, К.С.(74) од овој град пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг С.С.(76), кој имал здравствени проблеми. Беа преземени мерки за пронаоѓање на лицето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВНИМАВАЈТЕ: На овој патен правец во Македонија…

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи…

ЦУК: Растат водостоите на реките, можни се…

Центарот за управување со кризи информира дека…

НИКОЛА РОКВИЌ ПО 18 ДЕНА ПЕШАЧЕЊЕ ВЛЕЗЕ…

Српскиот пејач Никола Роквиќ влезе во Грција…

Четири европски земји наскори би можеле да…

RTE News синоќа објави дека се интензивираат…

[ВИДЕО/ФОТО] Русија ја покажа огромната моќ! Парада…

На Црвениот плоштад во Москва почнала воената…