Објавено на:

Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив кај германски аеродром: Истрагата води кон обид за напад

t

Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна материја за кои се сомневаат дека се поврзани со обидот за напад во близина на аеродромот Лајпциг/Хале на почетокот на август.

Дронот бил пронајден на 14 август, западно од аеродромот, а во негова близина била откриена и материја тешка околу 50 грама, за која се претпоставува дека станува збор за воениот експлозив хексоген.

Истрагата започнала на 4 август, кога во близина на украински товарен авион „Антонов“, кој се користи за транспорт на воена опрема, бил пронајден првиот дрон наполнет со експлозив. Истражителите се сомневаат и дека втор дрон можеби се судрил со товарен авион на „DHL“, непосредно откако аеродромот бил привремено затворен поради инцидентот.

Германските медиуми, повикувајќи се на неименувани безбедносни извори, објавуваат дека постојат сомневања за вмешаност на руските разузнавачки служби. Москва ги отфрла таквите обвинувања.

Аеродромот Лајпциг/Хале има важна улога како товарен и военологистички центар, а го користат и НАТО и украинската компанија „Антонов ерлајнс“ за транспорт на воена опрема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата препорачува работа од дома за вработените…

Владата на денешната седница ја разгледа информацијата…

Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните…

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека…

Двајца поранешни министри од владата на Орбан…

Унгарските власти приведоа двајца поранешни министри од…