Пронајден починат чичко Драге по кого се трагаше неколку дена
Шеесет и седум годишниот Драге Ц. кој на 21-ви месецов беше пријавен за исчезнат е пронајден починат, потврдува МВР.
Од МВР информираат дека вчера попладне неговиот син С.Ц.(43) од Крива Паланка пријавил дека на место викано „Цоневи ливади“ во с.Жидилово, кривопаланечко, го пронашол починат неговиот татко Д.Ц.(67).
-Увид извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка, а смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, велат од МВР.
По овластување на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.
На социјалните мрежи беше објавен апел за помош за негово пронаоѓање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…