Просечната нето-плата во јануари изнесува 46.617 денари

t

Според податоците на Државниот завод за статистика во јануари 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 46.617 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари изнесуваше 70.066 денари.

Во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.3 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12.9 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11.1 % и Преработувачка индустрија за 10.5 %.

Спротивно на ова, забележано е опаѓање на просечните нето плати по работник во споредба со претходниот месец во секторите: Транспорт и складирање (пад од 7,4%), Градежништво (пад од 5,3%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (пад од 3,8%).

Во меѓувреме, просечната месечна бруто плата по вработен во јануари оваа година била 70.066 денари.

Во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 8.3 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 13.2 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10.7 % и Преработувачка индустрија за 10.6 %.

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 7.6 %, Градежништво за 5.6 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3.7 %.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…