Просечната плата во април во Црна Гора изнесува 828 евра
Просечната заработка без даноци и придонеси во април во Црна Гора, според податоците на Монстат, изнесува 828 евра и е за 0,4 отсто поголема во однос на март.
Просечната нето плата во април, во однос на истиот месец лани, бележи раст од 5,3 отсто. Просечната бруто плата во април била 1.040 евра.
„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во април во однос на март бележат пораст од 0,1 отсто, произлегува дека реалните плати за истиот период се зголемени за 0,3 отсто“, се наведува во соопштението на Монстат, пренесува Мина.
Споредено со претходниот месец, просечната заработка без даноци и придонеси во април е забележана во секторите Снабдување со вода, управување со отпадни води, контрола на процесите, отстранување отпад и слични дејности за 1,7 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство за 1,5 отсто, градежништво 1,4 отсто, трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли еден отсто.
Раст е забележан и во секторите државна управа и одбрана: задолжително социјално осигурување 0,8 отсто, информации и комуникации и здравствена и социјална заштита по 0,7 отсто, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, услуги за сместување и храна, финансиско осигурување и дејност. По 0,5 отсто и ископување руда и камен 0,3 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Треба да се задолжам за да…
Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…
Владата е од друга планета?! Народот мака…
Мерките на Владата даваат позитивни резултати за…
Дали е сериозен? Ковачевски: Таму каде што…
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека таму каде…
Димовски: Да им се помогне на работниците…
Претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија,…
Текстилните работници реагираат: Платата е за преживување,…
Во Штип од денеска до 8 октомври,…