Текстилните работници реагираат: Платата е за преживување, не за живот

t

Во Штип од денеска до 8 октомври, во организација на Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип, се одржува годинашната  „Текстилијада – 6“, под мотото „Плата за живот – СЕГА И ВЕДНАШ!“, оренесува “Работник“.

Ангел Димитров  од организацијата на работодавачи истакна дека во текстилната индустрија секоја година почнува да опаѓа бројот на вработени.

-Ваквата текстилна индустрија како што ја знаеме досега, во иднина нема да постои затоа што не нуди повисок стандард за вработените, а младите луѓе сакаат повисок стандард. Затоа сметам дека бројот на работници и натаму ќе опаѓа, но од друга страна текстилните компании ќе мора да размислуваат за свои трендови за лон производство каде дополнителната вредност ќе биде повисока, оценува Димитров.

Кристина Ампева од „Гласен текстилец“, кажа дека од минатата година со канцеларијата на „Фридрих Еберт“ започнале средби со одреден дел од работодавачи и истражувачи и советници кои се од странство, со цел да се направат стратегии во кој правец треба да се движи текстилната индустрија, а во наредниот период се планирани и студиски посети надвор од државата.

Во однос на тоа кои мерки треба да се донесат за да нема отпуштања во текстилната индустрија поради кризата, вели дека тие мерки треба да се однесуваат не само за тексилците, туку и за целиот приватен секор, и треба да се погледне какви мерки се носат во регионот, а не само да се носат популистички мерки.

Јоханес Хајдекер, економски советник на премиерот Димитар Ковачевски, вели дека текстилната инудстрија треба да ги подобри стандардите, како што еколошките стандарди, да воведе подобри машини, подобри квалификации, дигитализација, и доколку ги следат овие чекори, според него, компаниите ќе можат да го зголмат извозот.

Тој вели дека некои од македонските компании, се подготвени на овие чекори, а некои треба да преземат поконретни мерки и стратегии.

Во однос на тоа дали Владата ќе им помогне на овие компании, вели дека главните чекори треба да дојдат од самите компании и со сорабоката на нивните вработени, а Владата само може да креира добра средина. – Најважното е ако сакате да успеете на пазарот, треба да комуницирате со клиентите, да ги обучувате вработените да инвестирате во производството, рече Хајдекер.

Најголемиот настан од ваков вид во регионот ја постигнува својата мисија да ги поттикне младите, работниците и работничките да се вклучат во процесите на одлучување. Преку настаните кои се од социјален и уметнички карактер да прикаже на јавноста за потребата од поддршка за подобрувањето на правата на работниците и работничките, соопштија од „Гласен Текстилец“ – Штип.

Оттаму истакнаа дека оваа година настанот е дизајниран да ја покаже потребата за плата за живот, а не плата за преживување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еуроњус: Учеството на доходот од трудот во…

Според анализата на Меѓународната организација на трудот…

Србија бара 20.000 професионални возачи!

Соседна Србија бара 20.000 професионални возачи.  Се…

Србија очекува да биде најпривлечна за работниците…

Вицепремиерот и министер за финансии Синиша Мали…

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

Џабе диплома, ако не те бива: Факултетските…

Со голема помпа, компаниите ги отфрлаат четиригодишните…