Просечната плата во јуни падна за 1.163 денари во однос на мај, покажуваат податоците на ДЗС
Просечната нето-плата во Македонија во јуни изнесувала 48.381 денар, што е за 1.163 денари помалку од мајската плата од 49.544 денари, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Иако на годишно ниво платите пораснале за 6,4 проценти, падот од еден месец во друг е бројка што граѓаните најдиректно ја чувствуваат во домашниот буџет.
За народот, математиката е едноставна: во јуни на сметка легнале просечно 1.163 денари помалку отколку во мај. Во време кога цените на храната, сметките и секојдневните трошоци го притискаат семејниот буџет, секој денар има значење.
Статистиката покажува дека на месечно ниво номиналната просечна нето-плата се намалила за 2,3 проценти. Кога ќе се земе предвид и инфлацијата, реалниот пад е 1,9 проценти. Сепак, споредено со тој месец лани, сликата е поинаква. Просечната плата во јуни е номинално повисока за 6,4 проценти, додека реалниот раст, односно кога ќе се пресмета влијанието на инфлацијата, изнесува 3,4 проценти.
Најниска просечна нето-плата во јуни била регистрирана кај вработените во секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна, каде што изнесувала само 34.200 денари. Од друга страна, највисоки просечни примања имале вработените во секторот информации и комуникации, со просечна нето-плата од 88.262 денари. Разликата меѓу овие два сектори е огромна – дури 54.062 денари.
Србија го зголеми минималецот на 600 евра, во Македонија е околу 424 евра
Владата на Србија донесе одлука за нивото на минималната плата за периодот јануари-декември 2027 година. Минималната цена на работа, без даноци и придонеси за задолжително социјално осигурување, за периодот јануари-декември 2027 година изнесува 405 динари нето, за работен час, се вели во одлуката на Владата на Србија.
– Предлогот на Владата беше да се зголеми вредноста на минималниот работен час од сегашните 371 на 405 динари, со што минималната плата во Србија би се зголемила од 64.554 (просек за 12 месеци) на 70.470 динари (600 евра), како и да се зголеми неоданочливиот дел од приходите од 34.221 на 37.369 динари – објавија медиумите во Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната плата во јуни падна за 1.163…
Просечната нето-плата во Македонија во јуни изнесувала…
МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат…
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните,…
Пезешкијан: Време е да се стави крај…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека е…
Млад возач возел без дозвола, полицијата го…
На 19 август 2026 година, во 10:10…
Тројца државјани на Канада предизвикале пожар во…
Пожарот бил предизвикан со отворен пламен во…