Просјак од САД ќе добиe 100 милиони долари отштета по повреда од полицаец
Федералниот суд во Атланта, САД, донесе одлука на просјак да му се исплатат 100 милиони долари, бидејќи полицаец пред четири години го соборил со шок-пиштол на земја, по што човекот при падот си го повредил вратот и останал парализиран.
На тешко повредениот Џери Блесингејм (69), му е потребна 24-часовна нега што чини милион долари годишно, па досега има доспеано медицински сметки од 14 милиони долари, наведува неговиот адвокат. Поротата одлучи дека полицаецот Џон Грабс употребил прекумерна сила против Блесингејм, кој просел пари пред возач на автомобил, на 10 јули 2018 година.
По инцидентот тој останал парализиран од вратот надолу.
Адвокатот на Блесингејм, Кит Едвардс го тужеше градот Атланта и службеното лице, барајќи компензација за медицинските трошоци. Тужбата наведува дека кога пристигнале Грабс и уште еден полицаец, питачот разговарал со човекот во возилото. Грабс излегол од полициското возило и му рекол на Блесингејм да застане, но тој побегнал, па почнала потера по просјакот.
Поротата утврди дека Полицискиот оддел на Атланта треба да плати 60 милиони долари, а Грабс – останатите 40 милиони долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…
Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…
Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…
(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…
Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…
(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…
Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…
Претставници на новата управа на ТВ Нова,…