Објавено на:

Протекоа шокантни детали од истрагата: Тројца Грци го предводеле хрватскиот „конвој на смртта“ до местото на убиството

t

Поминаа два дена од убиството на навивачот на АЕК во Атина и апсењето на голем број навивачи на Динамо по крвавата гозба, а целата регионална јавнос е се уште потресена од неверојатните информации кои тамошните медиуми ги пренесуваат за истрагата.

Полицијата се уште трага по убиецот, а од сите уапсени во вторникот била земена ДНК. Грчката полиција трага по уште 50-тина членови на „Бед Блу Бојси“, при што грчкиот „Њусит“ пишува дека меѓу 105-те уапсени хулигани има и тројца Грци. Станува збор за навивачи на Панатинаикос кои според полициски извори ги однеле навивачите на Динамо во Неа Филаделфија, населбата во која се наоѓа стадионот на АЕК.

Се претпоставува дека „водачи“ на хрватските навивачи до местото на убиството биле 26-годишно момче и 27-годишна девојка од блиската населба Маруси, како и 22-годишник од Неа Смирна.

Токму зад оваа конструкција стои голема опасност за уапсените хулигани. Последниве години во Грција е на сила закон според кој голем број навивачи може да бидат обвинети за приклучување кон криминална организација, а тоа може и сега да биде случај.

Пред неколку години дури 12 навивачи на солунски ПАОК беа осудени на долгогодишни затворски казни за убиството на навивач на Арис.

Медиумите дознале уште некои детали од истрагата, а еден од нив е дека при вештачењето била пронајдена дрвена летва долга 120 сантиметри и широка 10 сантиметри, која била искована со шајки. На неа имало крв, па се истражува дали има некаква поврзаност со убиениот Михалис Кацурис.

Исто така, се вештачат телефоните на уапсените, па ќе се направи обид да се дојде до контактите и договорите меѓу навивачите на Динамо и Панатинаикос, од кои дел учествуваа во нередите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пополека ја губиме војната, има уште неколку…

Украина се чини дека полека ја губи…

Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари

Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…

Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…

СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…

Сите мини во меѓународните води на Ормуска…

Почина Доли Партон, кралицата на кантри музикат

Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон…