Протестираат и српските земјоделци
Српските земјоделци од околината на Лозница протестираа во Бадовинци поради неисполнување на барањата доставени до Владата со порака „не ни застанувај на патот“. За време на протестот биле пресретнати од жандармеријата.
Земјоделците го блокираа сообраќајот во Бадовинци бидејќи владата не им ги исполни барањата. Нешто пред 12 часот полицијата дошла на местото на блокадата и ги опколила земјоделците.
За потсетување, сточарите, членовите на „Здружението за спас и преживување на сточарите од Западна Србија“ и Здружението „Нашето млеко“ за денеска најавија протест во Бадовинци и Лозница поради неисполнети барања.
Тие бараат смена на премиерот Милош Вучевиќ, министерот за земјоделство Александар Мартиновиќ и претседателот на собраниската Комисија за земјоделство Маријан Ристичевиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…