Протестите во Грузија влегоа во 13-ти ден, граѓаните повторно се собраа пред парламентот
Во Тбилиси, главниот град на Грузија, во текот на ноќта се одржа уште еден протест против властите пред зградата на парламентот, кој помина без инциденти, пренесе денеска Интерфакс.
Еден од лидерите на опозицијата, поранешниот премиер на Грузија, Ѓорѓи Гакарија, за локална телевизија изјави дека протестите, кои траат веќе 13 дена, донеле резултати.
„Актуелните власти на Грузија денес не се признати од меѓународната заедница. Многу брзо ќе падне економијата, по што властите дефинитивно ќе седнат на преговарачка маса за две прашања – ослободување на сите приведени демонстранти и распишување нови парламентарни избори, тоа дефинитивно ќе се случи“, рече Гакарија.
Актуелниот грузиски премиер Иракли Кобахиџе изјави за новинарите дека се надева дека ќе ги ресетира односите со САД и Европската Унија откако новиот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата.
Следната недела за ситуацијата во Грузија ќе се разговара на состаноците на министрите за надворешни работи и шефовите на држави на Европската Унија, пренесува Танјуг.
Протестите во Грузија започнаа на крајот на ноември по одлуката на владејачката партија „Грузиски сон“ да ги одложи преговорите за пристапување во Европската Унија до 2028 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…