Протести во Белград под мотото „Србија против насилството“
Илјадници луѓе маршираа низ Белград под мотото „Србија против насилството“. Организаторите бараат оставка од владата, затворање на печатените медиуми и таблоиди што промовираат омраза и насилство и континуирано го кршат новинарскиот кодекс како и укинување на програмите што промовираат насилство, неморал и агресија на телевизии со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.
„Тука сме за да изразиме одреден вид на бунт против сето она што моментално не опкружува, но првенствено насилството што се случи во последните неколку дена, а што е насекаде околу нас во изминатите години“, изјави Невена Матиќ.
„Овој проблем не може да се реши бидејќи системот е стуткан. Она што дефинитивно ни го покажаа овие протести е дека само преку јавно дејствување и, за жал, преку присуство надвор од државните институции, можеме да добиеме реакција“, изјави Стефан Цветковиќ.
Протести под истото мото и барања се одржуваат веќе неколку дена по масовните убиства во Белград и во Младеновац.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…