Протести во Хаг – судир меѓу демонстрантите и полицијата
Антиимигрантските протести во Хаг станаа насилни откако демонстрантите се судрија со полицијата, која употреби солзавец и водени топови. Во нередите беше вандализирано седиштето на центристичката политичка партија Д66, што се случува една недела пред предвремените парламентарни избори во Холандија.
„Ѓубриња! Никогаш нема да дозволиме екстремистите да ја преземат нашата прекрасна земја“, кажа лидерот на Д66, Роб Јетен.
На протестот учествуваа илјадници луѓе, кои побараа построга политика на одобрување азил. Тие фрлаа камења и шишиња и запалија полициски возила, објавија локалните медиуми.
Крајнодесничарскиот лидер Герт Вилдерс ги осуди насилствата и ги нарече демонстрантите „идиоти“.
Холандија ќе одржи избори на 29 септември, што уследи откако победникот на последните избори Вилдерс ја повлече својата партија од владејачката коалиција откако не беа прифатени неговите барања за миграцијата.
Демонстрантите запалија огномет и мафтаа со холандски знамиња, како и со т.н. „знаме на Принцот“.
На бината во паркот, каде започнал протестот, беше изложено и знаме со ликот на убиениот Чарли Кирк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден висок полициски функционер во Србија…
Шефот на Службата за борба против организиран…
Расправија меѓу Филипче и Тајко Славевски за…
Во однос на објавената информација со изјавата…
Стуб го демантира „Фајненшел тајмс“ за разговорот…
Финскиот претседател Александар Стуб ги демантираше извештаите…
„Долу диктатурата“: Вечерва во Тирана повторно антивладин…
Во Тирана вечерва повторно се одржа антивладин…
(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…