Протест за кучето Феликс пред МВР
Пред Министерството за внатрешни работи денеска се одржа протест за кучето Феликс. Граѓани, активисти и љубители на животни се собраа заеднички да побараат правда за убиеното куче и да испратат порака дека насилството врз животните мора да престане, а сторителите да бидат соодветно казнети.
Како што соопштија организаторите Зелен Хуман град, протестот започна во 12 часот, а маршот продолжи кон Основното јавно обвинителство и Кривичниот суд. Присутните едногласно побараа максимална затворска казна за Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски, осомничени за убиство на Феликс.
Барањата од протестот се итно расчистување на случајот со Феликс и изрекување максимална затворска казна за сторителите, воведување минимум од една година задолжителна затворска казна за кривичното дело убиство и мачење животни, формирање локални општински служби за заштита на животните, донесување закон за Комунална полиција со единица за полиција за животни, спроведување превентивни мерки за редуцирање на насилството врз животните и системска едукација за хуман однос кон животните.
Воедно, организаторите потсетија дека во македонскиот Кривичен законик веќе речиси 20 години постои член за кривично дело убиство и мачење животни, но досега не е изречена ниту една затворска казна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со…
Триесет и петгодишна жена од Скопје пријавила…
Херој на плажа во Ситонија: За неколку…
Од обично летување на Ситонија до драматична…
Пожар во Јегуновце се шири кон Бојане…
Активен шумски пожар избувна на територијата на…
Земал 200 евра за наводно лекување на…
Основното јавно обвинителство во Тетово поведе постапка…
Ангелов: Три „ер трактори“ се борат со…
Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце,…